ЗА НАС
ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје
Вашиот осигурителен советник (Вашиот советник за осигурување)
20 години искуство, 2 претставништва во државата, преку 1000 клиенти
ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје е осигурително брокерско друштво, со лиценца од Министерството за финансии на Р.Македонија, кое врши целосно осигурително опслужување на своите клиенти, кое вклучува:
– АНАЛИЗА на осигурителниот интерес на клиентот
– ПРОУЧУВАЊЕ И АНАЛИЗА на осигурителниот пазар – изготвување на понуди
– ПРОФЕСИОНАЛНА КОНСУЛТАЦИЈА при избор на најоптималното осигурување за вас – посредување при утврдување на висината и размерот на штетите, нивна обработка, подготовка на документацијата потребна за исплата на осигурителното обештетување, застапување пред осигурителните компании за исплата на штетите.
– ИЗГОТВУВАЊЕ на експертизи за различни видови на имот.
ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје Ви нуди:
Ви претставуваме краток опис на брокерските услуги кои ги врши ИН-БРОКЕР А.Д. со цел да добиете појасна представа за карактерот на нашата дејност.
СИГУРНОСТ
Најважно за нашите клиенти е тоа дека користењето на нашите професионални услуги на никаков начин (воопшто) не ја зголемува висината на осигурителната премија за Вашето осигурување.
За разлика од брокерите на недвижен имот, ние не ја наплаќаме нашата провизија за услугите од нашите клиенти. Осигурителниот брокер ги добива провизиите врз основа на договор со осигурителната компанија. Нормално, во осигурително – технички план, на секое извршено осигурување е вклучен соодветен процент – провизија, така што ако осигурувањето се прави директно во осигурителната компанија, тој процент – провизија останува кај агентот или вработениот кој ја изготвил осигурителната полиса. Тоа значи дека дури иако Вие склучите договор за осигурување директно со осигурителната компанија, висината на осигурителната премија која ќе ја платите ќе биде иста.
ИН-БРОКЕР А.Д. работи во име и за сметка на осигуреникот (клиентот). Како професионални учесници на осигурителниот пазар ние подобро ја познаваме финансииската состојба, политиката и карактеристиките на осигурителните компании со кои работиме.
ПОДОБРО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ПОНИСКИ ЦЕНИ
Ние детално ги познаваме општите услови за осигурување на различните осигурителни компании. Штитејќи ги Вашите интереси, ние ги избираме најповолните тарифи и услови за осигурување. Врз основа на тоа, ние Ви ја предлагаме најповолната за Вас осигурителна компанија преку изготвување на писмена понуда.
Како една од водечките осигурително брокерски куќи на македонскиот осигурителен пазар, ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје може за своите клиенти да добива подобри услови и одредени одстапки од страна на осигурителните компании. Ние можеме да постигнеме договор со осигурителната компанија за намалување на осигурителната премија и подобрување на условите. На тој начин ние ги намалуваме Вашите расходи.
ВРЕМЕ
Во секое време сме спремни да Ви дадеме бесплатна консултација и да Ви одговориме на сите Ваши нејасни прашања во врска со осигурувањето.
Можете да го користите нашето професионално учество при ликвидација на штетите, со што Ви гарантираме брза и целосна исплата на Вашето осигурително обештетување. Ние располагаме со тим на професионални експерти кои при настанување на штета од осигуран случај, вршат увид на штетата со цел истата да биде коректно проценета, ја комплетираат потребната документација, и пристапуваат кон решавање на штетата во осигурителната компанија се до нејзината целосна исплата.
Користејќи ги услугите на ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје, вие печалите време, пари и енергија. Поверете се на нашето долгогодишно искуство и професионализам.
Почитувани дами и господа,
Задоволство ни е пред Вас да го представиме осигурителното брокерско друштво ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје, и да Ви го предложиме нашето богато професионално искуство во областа на осигурителните услуги, со надеж да станеме Ваш идеен партнер.
Осигурителното брокерско друштво ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје ја извршува својата дејност како осигурителен и реосигурителен брокер на македонскиот и меѓународниот осигурителен пазар.
Друштвото е основано во 2003 година како акционерско друштво врз база на здружување на двајца регионални директори во тогашна КЈУБИ МАКЕДОНИЈА, чиишто стабилни деловни контакти со различните осигурителни компании датираат уште од 80-те години на минатиот век. За кратко време во своето делување, компанијата успеа да отвори канцеларии во Скопје и Струмица, со идни перспективи за отварање на канцеларии во Охрид, Битола и Кочани.
Експертите во брокерското друштво се компетентни професионалци со богато искуство во сите области на осигурувањето.
Водејќи се од индивидуалните потреби на секој наш потенцијален клиент, имаме задоволство да Ви ги предложиме нашите услуги во следните форми.
ОСНОВНИ ФОРМИ ВО ДЕЈНОСТА НА ИН-БРОКЕР А.Д. СЕ:
1. Анализа и оценка на ризикот – снимање на ризик
2. Целосно осигурителна услуга која што вклучува:
·Консултурање, односно препорачување на осигурително покритие во зависност од карактерот на бизнисот на клиентот;
· Организирање и спроведување на конкурс за избор на осигурителна компанија врз база на предложените услови за видовите осигурителни покритија;
· Дејствува во разработување и предлагање на осигурителни продукти за Вас, оптимизирање на Вашите осигурителни покритија во поглед на цената, продуктот и времетраењето;
· Врши анализа и оценка на предложните понуди за осигурување, дава предлози за избор на осигурувач во повеќе варијанти по однос на видовите осигурителни покритја и поделбата на ризиците;
· Подготовка на договорената информација и документација во сооднос со избраната од страна на клиентот осигурителна компанија;
· Одржување на постојан контакт со клиентите и нивно навремено запознавање со евентуално настанатите промени во општите услови за осигурување на осигурителните компании.
3. При настанување на осигуран случај (штета):
· Целосно услужување во случај на осигуран случај (штета);
· Доверено лице од страна на брокерот ќе биде постојано со Вас при увидот на штетата;
· Укажување на помош пред соодветните органи за комплетирање и доставување на неопходните документи барани од страна на осигурувачот;
· Брзина при решавање на штетите.
4. Изготвување на технички експертизи за проценка на штети
ЕКСПЕРТИТЕ НА ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје се на Ваше располагање
24 часа на ден, 360 денови во годината.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
ЛИЦЕНЦА
ИН-БРОКЕР АД Скопје е осигурително брокерско друштво основано согласно законот за супервизија во осигурвање
Службен весник бр.27 од 25.04.2002 год.
Лиценцирано согласно решение бр.18-24708/4 од Министерство за финансии.
Со добивањето на лиценцата обезбедивме гарантен влог од 76.000 евра и полиса од одговорност од дејност од 1.000.000 евра.
ПОЛИСА
ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
Превземи ги законите како PDF документ: |
Закон за облигационите односи 1.05 MB |
Закон за супервизија на осигурување 0.62 MB |
Закон за трговските друштва 1.44 MB |
Закон за задолжително осигурување во сообраќајот 206 kb |
ОВЛАСТУВАЊЕ
Со пополнување и потпишување на овластувањето можеме да посредуваме во сите класи на осигурување. |
Пополни го online овластувањето или преземи го од тука како PDF документ |