ТРАНСПОРТ
ЗА СИГУРНА ИДНИНА ОДЛУЧЕТЕ СЕГА!
Осигурете ги Вашите пратки и одговорност како превозник, бидејќи само еден штетен настан може да го уништи Вашиот досегашен труд и имот
ТРАНСПОРТНИТЕ КАРГО ОСИГУРУВАЊА:
-потребни се на секоја добро организирана фирма;
-кратко траат,но, ризиците за делумни и целосни штети се големи;
-евтини се и за мала премија можете да го заштитите вашиот имот и очекуван профит во земјата и странство;
-веднаш добивате полиса за осигурување на македонски и англиски јазик,согласно:
Општите услови за осигурување на пратки во домашен, меѓународен, копнен, речен, езерски и воздушен транспорт против сите ризици-AAR т.е.,клаузула А во поморскиот и комбинираниот транспорт и специјални услови за превоз на стока со камион
ОСИГУРЕНИ РИЗИЦИ СПОРЕД КЛАУЗУЛА AAR
Штети поради физичка загуба,или оштетувања на стока кои се настанати поради:
-сообраќајна незгода;
-виша сила(поплава,гром,луња,снежна лавина,лизгање на землиште идр.);
-пожар,експлозија;
-неиспорака;
-делумна кражба и кражба на целата пратка;
-штети од манифестиран транспортен ризик при превоз,натовар и растовар.
Не се покриени штети од:
-природни маани и својства на стоката(кало,крш,растур,испарување и сл.);-груба небрежност на осигуреникот,или лицата за кои тој одговара;
-војна и штрајк,тероризам.
Со дополнителни премиски стапки и условите,може да се осигуруваат и:
Специјални ризици
(расипување,смрзнување,надувување,угинување,кусок,кршење и др.)и
Дополнителни ризици
(предмети со тежина над 20 тони,истекување на масло кај трансформатори,складирање на пратки,пренесување на скапа опрема и предмети во посебни услови и др.).