КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Каско осигурувањето на моторни возила покрива голем број на ризици, меѓу кои е и ризикот кражба во сите европски земји.Може да се склучи во петнаесет варијанти, во зависност од волјата на осигуреникот.

Покрај потполно каско осигурување, може да се склучи и делумно каско, или пак, осигурување од група на ризици, како и осигурување од ризикот кршење кај одредени групи на моторни возила. Каско полисата во денешно време, кога интензитетот на сообраќајот и комуникацијата на земјава со европските земји е се поинтензивен, е повеќе од неопходна.