Деловни единици

Скопје Струмица
 

E-mail:
info@inbroker.com.mk
 

 


ШТО ДОБИВАТЕ КОГА ГИ КОРИСТИТЕ НАШИТЕ УСЛУГИ?


ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје Ви нуди:

Ви претставуваме краток опис на брокерските услуги кои ги врши ИН-БРОКЕР А.Д. со цел да добиете појасна представа за карактерот на нашата дејност.

СИГУРНОСТ
Најважно за нашите клиенти е тоа дека користењето на нашите професионални услуги на никаков начин (воопшто) не ја зголемува висината на осигурителната премија за Вашето осигурување.
За разлика од брокерите на недвижен имот, ние не ја наплаќаме нашата провизија за услугите од нашите клиенти. Осигурителниот брокер ги добива провизиите врз основа на договор со осигурителната компанија. Нормално, во осигурително – технички план, на секое извршено осигурување е вклучен соодветен процент – провизија, така што ако осигурувањето се прави директно во осигурителната компанија, тој процент – провизија останува кај агентот или вработениот кој ја изготвил осигурителната полиса. Тоа значи дека дури иако Вие склучите договор за осигурување директно со осигурителната компанија, висината на осигурителната премија која ќе ја платите ќе биде иста.
ИН-БРОКЕР А.Д. работи во име и за сметка на осигуреникот (клиентот). Како професионални учесници на осигурителниот пазар ние подобро ја познаваме финансииската состојба, политиката и карактеристиките на осигурителните компании со кои работиме.

ПОДОБРО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ПОНИСКИ ЦЕНИ
Ние детално ги познаваме општите услови за осигурување на различните осигурителни компании. Штитејќи ги Вашите интереси, ние ги избираме најповолните тарифи и услови за осигурување. Врз основа на тоа, ние Ви ја предлагаме најповолната за Вас осигурителна компанија преку изготвување на писмена понуда.
Како една од водечките осигурително брокерски куќи на македонскиот осигурителен пазар, ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје може за своите клиенти да добива подобри услови и одредени одстапки од страна на осигурителните компании. Ние можеме да постигнеме договор со осигурителната компанија за намалување на осигурителната премија и подобрување на условите. На тој начин ние ги намалуваме Вашите расходи.


ВРЕМЕ
Во секое време сме спремни да Ви дадеме бесплатна консултација и да Ви одговориме на сите Ваши нејасни прашања во врска со осигурувањето.
Можете да го користите нашето професионално учество при ликвидација на штетите, со што Ви гарантираме брза и целосна исплата на Вашето осигурително обештетување. Ние располагаме со тим на професионални експерти кои при настанување на штета од осигуран случај, вршат увид на штетата со цел истата да биде коректно проценета, ја комплетираат потребната документација, и пристапуваат кон решавање на штетата во осигурителната компанија се до нејзината целосна исплата.
Користејќи ги услугите на ИН-БРОКЕР А.Д. Скопје, вие печалите време, пари и енергија.
Поверете се на нашето долгогодишно искуство и професионализам.

 
 
 
 

   
 

     Вообичаено осигурување

 

Имот

 

Моторни возила

 

Транспорт

 

Незгода

 

Менаџерско

 

Патничко

 

Одговорност

 

Реосигурителното покритие и нови класи на осигурување ги обезбедуваме преку нашиот партнер MARSH.