Деловни единици

Скопје Струмица
 

E-mail:
info@inbroker.com.mk
 

 

 

Агент за осигурување

Лице овластено од осигурувачот кое склучува осигурување на граѓани (физицки лица),граѓани што извршуваат самостојна дејност со личен труд и други облици на организирање и здружување на граѓани како и на правни лица, а согласно условите на осигурувачот.Агентот е во работен однос, а заработката му се утврдува со примена на процент од наплатената премија.
   

Активно Осигурување

Осигурување кое сеуште е на сила и по кое осигуреникот има право на обештетување согласно условите за осигурување за соодветниот вид осигурување.
   

Актуар

Лице кое се бави со анализи и пресметки по одредени научни методи.Овие лица со својата стручност и направените анализи придонесуваат во работата на осигурувањето.
   

Актуарска математика

Актуарска математика е самостоен научен  правец со свој предмет, метод и сфера на примена.
Актуарска математика во осигурувањето се бави со моделирање на процесите во осигурувањето на животот и имотот.
Основа на која почива актуарската математика е законот на големите броеви, теоријата на веројатност, а врз основа на таа веројатност, може да се утврди износот на премијата која корисникот на осигурувањето е во обврска да ја плаќа на осигурувачот.
   

Амортизација

Амортизација претставува надоместок на потрошената и намалената вредност на предметите и материјалите што претставуваат основни средства.
Амортизација е регулирана со закон.
   

Берза

Постојано организиран пазар на кој редовно се продаваат хартии од вредност, пари, типизирана стока и услуги.Тоа место на кое се среќаваат купувачи и продавачи според посебни правила на игра и склучуваат договори.
Постојат четири основни типа на берза:
1.Берза на хартии од вредност на кои се тргува со акции и обврзници.
2.Парична и девизна берза на која се тргува со странски пари (валута).
3.Берза на стока каде се продава со истовидна или различна стока, општа трговска берза или специјализирана берза.
4.Берза на услуги, берза на осигурување и поморски бродски простор,берза на спроведување на стоката.
   

Бонус

(намалување на премија)-Договорувач на осигурувањето има право на попуст(бонус)на премијата ако во текот на една година не причинил штета.
   

Брокер

Посредник во тргувањето со хартии од вредност, кој настапува со свое име, а за сметка на клиентите.Тој за својата услуга наплатува провизија, а освен посредувањето може да дава и совети за инвестирање во хартии од вредност.
   

Бруто премија

Премијата која ја плаќа осигуреникот содржи:техничка премија,режиски додаток и други делови(дел за превентива,аквизитерски трошоци и сл.)
   

Варијабилен ризик

Претставува можност(веројатност)да настане некој економски штетен настан кој е променлив -варијабилен(пр.случај кај поплавите кои се случуваат на 5,10,15,20 или повеќе години).
   

Делумна штета

Секоја штета која економски е оправдана да се изврши е делумна.
Кнстатацијата за висината на надоместокот ја утврдува проценителот врз основа на важечки параметри и врз основа на претходно доставената комплетна документација.
Елементи на полиса-Секој договор за осигурување(полиса)мора да ги содржи следниве елементи:
Договорен дел-под кои услови се склучува осигурувањето.
Технички дел-што се осигурува
Признаничен дел-начин на плаќање на премијата
   

Дисперзија на ризик

(распореденост на ризикот)Ризикот може да биде распореден во простор и време.Настанот по својата природа не ги опфаќа сите предмети и лица на одреден простор и во одредено време.
Ризикот ги зафаќа само некои и тоа во различно време и простор.Оттаму и ризикот е распространет во одреден простор и време.
   

Доброволно осигурување

Осигурување кое е склучено врз основа на желбата и потребите на осигуреникот,а е во согласност со Условите и Тарифите за осигурување.
   

Доброволно плаќање на премија

Со склучување на осигурувањето,осигуреникот ја плаќа премијата веднаш или еден дел од премијата до колку договорот е склучен на повеќе рати.
   

Договарач

Лице кое ќе склучи договор за осигурување со осигурувачот.
Во пракса договорувачот на осигурувањето може,но не мора да биде исто лице со осигуреникот.
   

Долгорочно осигурување

Осигурување на подолг рок на траење од 5 или 10 години, а до колку навреме не се откаже договорот осигурувањето продолжува да важи и во наредниот период.
   

Задолжителни осигурувања

Задолжителните видови на осигурување се регулирани со Закон.
Задолжително се осигуруваат:
1.Патници во јавниот сообраќај од последици на несреќен случај,
2.Корисниците, односно сопствениците на моторни возила од одговорност за штети причинети од трети лица.
3.корисниците,односно сопствениците на воздухоплови од одговорност за штети ппричинети од трети лица.
   

Закон на веројатноста
(во осигурувањето)

Основата на овој закон кога станува збор за неговата примена во осигурувањето е логиката на комбинации(пермутации,варијации,комбинации).
Теоријата на веројатноста презентира мерка на оправданост на очекуван или можен настан кој се насетува во поглед на настанување на одреден настан со ограничен број на еднакви можни настани.
Овој закон се користи во дејноста на осигурувањето и тоа повеќекратно и пред се служи за пресметка на премија која треба да одговара на ризикот.Напоредно со статистичкото испитување се гледа движењето на штетите,контрола на ризикот со утврдување на граница на толеранција.
   

Зголемен ризик

Ако едно подрачје често страда од одреден ризик и е влезено во зона каде почесто настанува истиот ризик(пр.поплава,порој и високи води и сл.)
   

Зелена карта

Осигурување кое покрива штети на трети лица вон матичната земја.
Во самата зелена карта се наведени земјите во кои се применува ова осигурување, а е задолжително за секој учесник во сообраќајот кој ја напушта матичната земја.
   

Изјава

Во сличај на оштетување осигуреникот е должен да даде писмено образложение-изјава за околностите под кои настанала штетата.
   

Износ на надомест

Претставува висина на обесштетување што се исплатува на осигуреникот.
   

Индивидуално осигурување

Секое поединечно физичко лице кое прави осигурување за себе и за својот имот и плаќа премија добива полиса за осигурување.
Таквата полиса е индивидуална, а самото осигурување се нарекува индивидуално осигурување.
   

Истек на осигурувањето

Го означува или го претставува денот кога истекува осигурувањето означено во полисата.На пр:Осигурувањето истекува на 10.02.96год.во 24часот,во наведениов служај се работи за едногодишно осигурување каде е наведен почетокот и истекот на осигурувањето:10.02.95-10.02.96год.Аналогно на тоа почнува и престанува обврската на осигурувачот.Почнува во 24.00часот на 10.02.95год.,а престанува на 10.02.96год.во 24,00часот.
   

Капитализација

Намалена вредност на осигурената сума во однос на изминатото траење на осигурувењето.
   

Каско осигурување

Осигурување на моторно возило само од одредени ризици(опасности).
Постојат два основни вида на каско осигурување:
1.Постојат каско осигурување-опфатени се сите каско ризици,
2.Делумно каско осигурување-опфатени се само неколку ризици.
   

Каренца

Тоа е период помеѓу почетокот на обврска на договарачот на осигурувањето и одложената обврска.Ова е регулирано со договорот за осигурување а има и законска основа.Со други зборови,осигуреникот е должен да ги изврши со договорот преземените  свои обврски , додека осигурувачот во одредено време,односно во одреден  рок на чекање,воопшто или делумно не сноси  ризик.Примената клаузула за рок на чекње е можна како во осигурувањето на имоти, исто така ,и во осигурувањето на лица.Целта пред се, е намалување на субјективниот ризик ,на пр:во осигурувањето на живот без лекарски преглед потоа кога се во прашање осигурувања на живот во така наречени анормални (отежнати)ризици.
   

Клаузула

Форма на ограничување преку некоја одредба,точка,член во договорот за осигурување.Клаузулата задолжително се впишува во самиот договор за осигурување-полиса.
   

Колективно осигурување

Едновремено склучување на договори за осигурување на повеќе лица,а се осигуруваат под исти или слични услови(вработени во претпријатија,сопственици на станови,ученици во исто училиште и сл.).
   

Корисник

Лице во чија корист се склучува осигурувањето, или во чија корист е договорено осигурувањето.
   

Краткорочно осигурување

Осигурување пократко од една година т.е осигурување во одреден рок на траење.
   

Кумули

Големи концентрации на ризици каде постои можност да настане штета од големи размери.Таквите штети се нарекуваат катастрофални.
   

Лимит

Точно утврден (највисок)износ.
   

Лимит на покритие

Крајна граница до која може да се изврши надоместок на штета на осигуреникот.Лимитот на покритие се одредува со сумата на осигурување наведена во полисата.
   

Ликвидација на штети

Ја врши овластено лице кај осигурувачот наречен ликвидатор на шети кој треба да овозможи на брз и лесен начин осигуреникот да го оствари своето право,а врз основа на склучениот договор за осигурување.
   

Листа на покритие

Се испоставува во оние случаи кога се склучува договор за осигурување, а не се познати сите податоци што се потребни за дефинитивно склучување на договор.
   

Максимална самозадршка

Износот што осигурувачот може максимално да го сноси за осигурувањето што го презел.
   

Малус

Зголемување доплата на премија.
Ако осигуреникот пријавил повеќе штети во текот на една година се пресметува доплаток на премијата (малус)по осигурувањето за кое тоа е пропишано.
   

Математичка резерва

Окаматените штедни премиии од осигурувањето живот претставуваат резерва која се вика математичка премиска резерва. Тоа се строго наменски средства кои одделно се водат и се пласираат според пропишаните законски услови.
   

Минимална премија

Износот на премијата кој е пропишан во тарифата и под кој износ не смее да се пресметува премија.
   

Минимална самозадршка

Минимален дел од ризикот кој осигурувачот мора даго задржи за себе.
   

Надосигурување

Осигурување на зголемена вредност.Ретко се јавува во пракса ,осигурениот предмет да ја надминува реалната вредност.
   

Несреќен случај

Секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен  настан кој делувајќи главно од надвор и нагло врз телото на осигуреникот кој има за последица негов целосен или делумен инвалидитет,смрт,преодна неспособност за работа и др.се смета за несреќен случај.
   

Одговорност

Опфаќа штета причинета од страна на осигуреникот спрема трети лица.Едноставно во овој вид осигурување обврската на осигурувачот е условена со остварување на две причини:
-нанесување штети на трети лица и
-постоење одговорност за таа штета од страна на осигуреникот.
   

Осигурување

Организирана институција која на база на плански ,економски  и технички основи  функционира со цел да обезбеди покритие за некои идни потреби од парични средства.Овие потреби мора да бидат предизвикани со штетни последици кои настанале против волјата на осигурениот случај.
   

Осигурувач

Акционерско друштво кое презема обврска да исплати одреден износ на средства доколку настане осигурен случај.
   

Осигурен случај

Настан чие настапување претставува остварување на ризик кој е опфатен со осигурување.Тоа е настан однапред предвиден со договорот за осигурување (или закон)со чие настанување настанува главна обврска на осигурувачот да исплати надомест од осигурувањето.
   

Осигурен предмет

Во секоја полиса потребно е да се наведе што се осигурува и за што се плаќа  премијата во зависност од тоа.
   

Осигурување на полна вредност

При настанување на штетен настан штетата целосно се исплаќа и осигуреникот има потполна осигурителна заштита.
   

Осигуреник

Лице(субјект)чиј живот или имот е осигуран.
   

Осигурување со одреден рок на траење

Започнува, односно престанува на денот и  часот кој е означен во полисата.
   

Основна премија

Кај некои видови осигурувања премијата се пла
ќа по одредени ризици или комплет на основни ризици за што се плаќа и основна премија.Основната премија има ограничено дејство на осигурувањето и опфаќа одредени ризици кои во пракса се наречени основни ризици.
   

Подосигурување

Осигурување што има намалена осигурителна заштита,а како причина е помалата осигурена сума од реалната вредност на осигурениот предмет.
   

Повраток

Ако се случи осигурениот предмет да биде уништен пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договарачот на осигурувањето му се враќа износот на наплатената премија.
   

Почеток на осигурување

Го претставува денот од кога започнува осигурувањето и задолжително е означен во полисата.На пр:почетокот на осигурувањето е на 10.02.1994година во 24.00часот.
   

Понуда

Образец  направен од осигурувачот и претставува предлог од потенцијалниот осигуреник за склучување договор за осигурување.Доколку во рок од 8 дена осигурувачот не ја одбие понудата се смета дека осигурувањето е склучено.
   

Понудувач

Лице кое поднесува понуда(подносител на понуда)и најчесто се јавува она лице кое се осигурува -физичко или правно лице.
   

Потполна (тотална) штета

Термин за категорија на штети што опфаќаат т.е. ја исцрпуваат целокупната осигурена сума како договорена обврска на осигурувачот за надоместок на штета.
   

Премија

Цена на ризикот.Премијата го претставува оној износ кој осигуреникот го плаќа на осигурувачот за носење ризик по основ на склучениот договор за осигурување.
   

Премиска стапка

Процентна или промилна стапка која се множи со осигурената сума или со премијата за осигурување.
   

Прв ризик

Осигурување склучени по метод на прв ризик се таков вид осигурувања каде осигурената сума ја претставува горната граница која ја гарантира осигурувачот.
   

Преземање ризик

Ова е од одлучувачко значење за воспоставување и понатамошно постоење на договорот со кој се пружа и гарантира
економска заштита.Тоа пред се,се согледува поради тоа што осигурителната заштита не опфаќа па ниту може да го преземе секој ризик што ќе и биде понуден,туку, само ризиците што исполнуваат одредени услови.
Условите за кои станува збор,можеме да ги распределиме во две основни групи во група на услови што ги наметнува техниката на осигурување,посебно актуаристиката,како и во групата на услови што се одредени со правото на осигурување.
   

Превентива

Претставува се она што е преземено со цел одредени штетни настани што помалку да се случат.
   

Престанок на осигурување

Осигурувањето може да се случи на одреден рок на траење од 7,15,30дена,на една година и повеќе.Во полисата за осигурување задолжително се впишува почетокот на осигурувањето,кога започнува обврската на осигурувачот за надоместок на штета и кога завршува (дата,месец а кај некој видови на осигурување и час).Во случај на неплаќање на премијата престанува договорот за осигурување.
   

Про рата темпорис

Неискористен дел од премијата од една полиса која се сторнира пред истекот на осигурувањето,а се признава во премијата на ново склученото осигурување.
   

Реална вредност

Вистинска или права вредност на некој објект или ствар која е резултат на вредноста на пазарот.
   

Режиски додаток

Средства кои служат за исплата на трошоците за спроведување на осигурувањето.
   

Ризик

Можност за настанување на еден економски штетен настан регулиран со Условите за осигурување.
Според карактеристичните појави, општо и запотребите на осигурувањето ризиците може да се поделат:
1.-Според тоа кого го загрозува-на лица, бидејќи ги загрозуваат луѓето, потоа на мешовити, бидејќи ги загрозуваат луѓето и предметите, како и на ризиците што ги загрозуваат само предметите;
2.-Според дејствието- каде се присутни и каде што се остваруваат.
3.-Врз основа на причините за настанување.
4.-Според интензитетот се делат на:тешки, масивни,обични,незначителни,занемарливи ризици;
5.-Според ефектот-чисти или статички,како и динамични или спекулативни ризици;
6.-Според негативниот учинок во случај на остварување-катастрофални, големи, просечни и багателни ризици;
7.-Според времето на присутност-ограничени или константни ризици;
8.-Особен од аспект на осигурувањето-субјективни, објективни, осигурени(покриени), неосигурени(непокриени), реосигурени, осигурливи, потоа кумули ризици, мешовити, едноставни, специјални, варијабилни, соседни, напожелни.
 
   

Реосигурување

Посебен вид на осигурување со кое осигурувачот пренесува дел од ризикот на друг осигурувач кого го нарекуваме реосигурувач.
Осигурувачот му овозможува да го преземе и носи ризикот во граница на сопствената финансиска моќ.Во пракса е познато како возвратно осигурување.
   

Респиро рок

Рок во кој осигурувачот и без плаќање на премијата одговара на настанатата штета.
   

Селекција на ризикот

Во премијата според статистичките резултати има помалку отстапувања доколку е поголем бројот на ризиците во осигурувањето.
Недозволено е да се групираат сите ризици туку треба да се прави избор, да се врши таканаречена селекција на ризици.
   

Скаденца

Период од почетокот до истекот на осигурувањето.
   

Снимање на ризикот

Претставникот на осигурувачот заедно со осигуреникот е должен да ги утврди сите околности значајни за оцена на ризикот.
   

Сума на осигурување

Сумата на која гласи осигурувањето.
   

Тарифа

Тарифата ја утврдува висината на премијата за соодветниот ризик кој го содржи секој вид осигурување.
   

Тарифер

Овластено лице кај осигурувачот кое по приемот на полисата и придружната документација врши контрола на исправноста на истата.
Контролата опфаќа исправност на применетата шифра, ускладување на прилогот и полисата и општ преглед на исправноста на издадените документи.
Констатираните недостатоци тариферот писмено ги соопштува на преземачот на ризикот.
   

Терм-фикс

Однапред утврден термин.
   

Техничка амортизација

Кај секој осигурен случај се применува техничка амортизација која зависи од
1.-старост на машините
2.-општата состојба на машините
3.-во колку смени работи основното средство
4.-организираност на службата
5.-услови во кои работи машината
   

Техничка премија

Дел од премијата што служи заисплата на штетите и другите издатоци во врска со штетите и осигурувањето.
   

Функционална премија

Техничка премија и дел од премијата за превентива.
   

Франшиза

Износ на штета не е покриена соосигурување,иако како таква е осигурена.Во суштина франшизата претставува ограничување, односно смалување на рамките на покритието на осигурувачот,бидејќи еден дел од штетата,ако така е договорено ја сноси осигуреникот.
   

Хомогеност на ризикот

Статистиките во осигурувањето се создаваат со следење на хомогени ризици.Тоа значи дека се следат ризиците кои се слични по својата природа и вредност.Да се групираат рузици по природа значи да се врши групирање според нивните видови, а по вредност да се групираат по одредени суми на осигурување.
   
 
 

   
 

     Вообичаено осигурување

 

Имот

 

Моторни возила

 

Транспорт

 

Незгода

 

Менаџерско

 

Патничко

 

Одговорност

 

Реосигурителното покритие и нови класи на осигурување ги обезбедуваме преку нашиот партнер MARSH.